Избор на спортист на Кочани за 2019

09 Јан 2020
46 пати

ПОВИК

Општина Кочани во соработка со Сојузот на спортови – Кочани и Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2019 година.
На манифестацијата ќе се изберат:
– најдобар спортист за 2019 година;
– најдобар млад надежен спортист;
– најдобра екипа;
– најдобар тренер;
– спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
Рокот за пријавување е до 23 јануари 2020 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.
Телефон за контакт: 072 275 610
Одделение за јавни дејности
Општина Кочани

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.