Лука Змејковски спортска надеж, а Дарко Гоцевски најдобар тренер на Виница

17 Фев 2020
178 пати

Маратонката Адријана Поп Арсова го доби признанието за спортист на Виница за 2019 година,

со што втор пат по ред е оценета како најуспешна на изборот што го направи стручна комисија во локалната самоуправа.

Признанието за спортска надеж на Виница за 2019 година го доби Лука Змејковски од клубот за боречки вештини „Лидер“, а фудбалскиот клуб „Слога“, кој без примен гол стана есенски шампион во третата лига – југ, е прогласен за најдобра екипа.

Наградата за најдобар тренер му припадна на Дарко Гоцевски од клубот „Лидер“,а Златко Насев од ФК „Слога“ е спортски работник за минатата година.

За надобра училишна спортска екипа е избран тимот од ОУ „Славчо Стојменски“, а признанија за придонес во спортот им беа доделени на Ангелина Атанасова за промовирање на алпинизмот, како и на Драган Јовановски за постигнатите резултати во стрелаштво.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.