ЏК Гладијатор – 25 натпреварувачи стекнаа нови појаси

03 Окт 2021
348 пати

Викендов во Кочани во техничка организација на ЏК ГЛАДИЈАТОР од Кочани во салата во ООУ Малина Попиванова се оджржа полагање за ученички појаси.


Клубот организатор полагањето го изведе во салата каде се одвиваат тренинзите за џудо, со поставени татами - растојание од два метра согласно протоколите за заштита од КОВИД.

g6.jpg
На полагањето учествуваа 25 натпреварувачи, членови на „Гладијатор“ од Кочани кои се здобија со појаси од 2 KYU син појас до 8 KYU бело-жолт појас.

g4.jpg
Џудо клубот имаше три члена во клубската комисија која работеше во следниот состав : Драган Шеќероски- 3 ДАН член на ДАН комисијата при ЏФРСМ, Киро Здравески -1 ДАН член и претседател на ветераните, како и селектор на ветераните на МАКЕДОНИЈА со почесен мајсторски појас 5 ДАН, Вера Шеќероска -1 КYU претставник на ДАН комисијата, м-р Дејан Мицкоски 2 ДАН и поканет и присутен претседателот на ДАН Комисијата г-дин Ѓуро Илиќ 6 ДАН, кој воедно учествуваше на полагањето и доделувањето на дипломите.

g2.jpg
На овој спортски настан, домаќинот и организатор имаше обезбедено лекар кој присуствуваше на полагањето. Тоа беше докторот на клубот кој воедно е и член на лекарската комисија при ЏФРСМ, г-ѓа Едита Минова.

g1.jpg

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)