Олимпискиот базен спремен ги дочекува капачите

28 Фев 2014
11248 пати

Од оваа летна сезона Комплексот на „Олимпискиот базен“ е под надлежност на сопственикот на маркетите „Мес-Мон“ од Кочани кој имаше најдобра понуда на објавениот Оглас за издавање под закуп за периодот од пет години на базенот и на летната дискотека „Аква“ од страна на КЈП „Водовод“ од Кочани.



За мошне краток период се направија серија на промени што го ставаат комплексот на едно високо рамниште за уживање во летниот период што е пред нас.

Зградата која со години стоеше како споменик во комплексот сега е уредена, поставени се голем број на лежалки, Олимпискиот базен со двата помали базени за деца се со нова боја а самиот поглед на нив е одмор за очите. Се извршија и серија на уредувања на самата околина во комплексот, со поставување на нови уредени патеки, со уредени шанкови, едноставно со сето она што посетителите ќе ги направи релаксирано да се чувствуваат било да се таму преку ден или во ноќните часови.

Цената за капење годинава е достапна за сите граѓани, бидејќи таа изнесува само 50,00 денари, а правото да се влезе на базенот и без влезница ќе го имаат сите оние кои ќе пазарат во маркетите на „Мес-Мон“, па така за направена сметка над 300,00 денари се добива една карта бесплатна за на базенот, за сметка над 600,00 денари купувачите добиваат две, а за сметка над 900,00 денари три карти.

Годинава се нуди и забавно-музичка програма, односно посетителите секој ден од 16:00 часот ќе имаат можност да уживаат во живата свирка што ќе им ја нудат најразлични бендови од општината и пошироко.

Уште времето да се смилува и да се врати сонцето, тогаш Кочанчани ќе можат со право да кажат дека одењето на базенот за нив е вистинско уживање.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.