Некој ги донесува - „Радио Кочани“ ги подарува

15 Јун 2019
960 пати

Во повеќе наврати од почетокот на оваа година, за сега непознати лица, донесуваат мали кученца кај спомен

домот АСНОМ, каде што триесетина години се сместени просториите на „Радио Кочани“. Вработените во Радиото во соработка со ветеринарните доктори Дарко и Ѓорѓи, ги вакцинираат, прочистуваат од паразити, ги хранат одреден период, а потоа ги подаруваат овие прекрасни мали суштества. Во моментов на располагање се уште две кученца, женско и машко. Заинтересираните кои сакаат да ги вдомат можат да повелат кај спомен домот АСНОМ или ди се обратат на телефонскиот број на „Радио Кочани“ 077 96 44 00. Можат да не побараат и прека порака на фб профилот на Радиото.

Непознатите лица што ги донесуваат кученцата, ги молиме да најдат начин, да ги носат на места определени за таа намена, а никако на простор каде што подолго време остануваат сами и незаштитени.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.