Граѓаните алармираа... Густ чад направи паника и ги вознемири

11 Јул 2019
786 пати

Густ чад ги вознемири граѓаните кој живеат и работат во индустриската зона во Кочани.  Тие во прв момент помислиле дека станува збор за пожар и тоа токму во кругот на поранешната фабрика за Хартија - сегашната фирма „Пејпар мил“. Ги алармираа медиумите, инспекторатот за заштита на животната средина, владини и невладини организации. Загадувањето на животната средина во последно време е чувствителна тема,токму затоа и густиот чад е запрен веднаш. Како што дознава Кочани ФМ Радио станува збор за пробно пуштање во употреба на новиот систем

на огромни парни котли во „Пејпар мил“ кои во иднина за загревање ќе користат пелети. Од фирмата не известиа дека согласно А интегрирана еколошка дозвола и програмата за подобрување на заштита на животната средина, биле обврзани да ги спроведат активностите, па токму затоа во тек е постапката за испитување на системот . Како што беше речено, за скапата опрема било дозволено испитување од 72 часа, но поради алармот од граѓаните, таа била прекината (ставена во мирување) по само 22 часа.

Чадот од согорените пелети ќе го има само додека претставници од соодветна Турска копманија го наштелуваат системот. Целта е во периодот што претстои загадувањето да се намали, но во пробниот период од 72 часа, можно е чадот да се почувствува во огромни количини, како што беше тоа случај во текот на вчерашниот ден.

Имено општа е констатацијата дека граѓаните треба навреме да бидат информирани за постапките, за во иднина да не се создава вознемиреност и паника.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.