Наградата за животно дело за Механџиски, награден и ТЦ „Пониква“

23 Авг 2021
651 пати

Новинарите ги врачија признанијата за најдобрите остварувања во Источниот регион за 2020 година

Регионалниот актив на новинари „Исток“ викендов, на преубава свеченост на отворено во Аурора ресорт и спа на Беровско езеро, ги врачија признанијата „Најдоброто од истокот“ на институции, стопански организации и поединци кои со своите остварувања, според изборот на седмата сила од регионот, ја одбележаа 2020 година.
Добитници на признанијата се:

i2.jpg

ЖИВОТНО ДЕЛО …Ова признание му е доделано на м-р Благој Механџиски-Зегин за неговото животно остварување – веледрогеријата Зегин на кое напорно и посветено работи цели 33 години. Зегин денес има 192 аптеки во Македонија и 2.300 вработени, а Механџиски е еден од најголемите донатори и хуманисти во државата.
ЗДРАВСТВО Најдоброто во здравството е Инфективното одделение при Клиничка болница – Штип за натчовечката борба на вработените доктори, сестри и болничари против корона вирусот. Наградата ја прими раководителката д-р Дијана Шипкова.

i3.jpg

АМБАСАДА ПРИЈАТЕЛ Со ова признание се закити амбсадата на Британија во нашата држава која минатата година финансиски поддржа бројни медиуми. Признанието го прими амбасадорката Галовеј..
СТОПАНСТВО Ова признание е доделено на ДИК „Фагус“ Пехчево за отворените 350 работни места во две фабрики за столици што има посебно значење за малиот град и неговиот социо-економски опстанок.
ТУРИЗАМ Туристички центар „Пониква“ во чиј развој Општина Кочани досега има донесено над 2,5 милиони евра. Признанието го прими градоначалникот Николчо Илијев.

i4.jpg
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Фирмата „Брегал“ од Делчево за нејзините бројни донации на здравствени установи, детски градинки, уредување на паркови и слично.
НАУКА Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за соработката со рудниците во Македонија. Признанието го прими деканот д-р Зоран Десподов.
НОВИНАР на годината Столе Наумов, Канал 77, за неговата култна емисија Стадион.

i5.jpg


ХУМАНИСТ на 2020 година е Дарко Гоцевски од Македдонска Каменица, младо момче кое посветено работи за решавање на социо економските потреби на свои сограѓани…
ОБРАЗОВАНИЕ Признанието му е врачено на наставникот Иле Михајловски од Свети Николе кој за својата работа со деца со посебни потреби и севкупната грижа за нив е добитник и на европски признанија и е меѓу 40-те едукатори на просторот од екс Југославија.
НЕВЛАДИНА организација ФРЛЗ-Фондација за развој на локалните заедници-Штип за бројните проекти со кои помогнаа во развојот на многу општини во регионот.

i6.jpg

СПОРТ Ова признание замина кај ракометната легенда Кире Лазаров кој на присутните им се обрати од Франција преку видео порака
КУЛТУРА Културен деец на 2020 година е новинарот и писател Васил Маневски од Тработивиште, општина Делчево. Маневски ова признание го доби за неговите три книги поезија издадени лани.

i7.jpg

ИНОВАТИВНОСТ Здружението на земјоделци „Оризова братимка“ од с.Чешиново,го доби ова признани за експериментите со био смарт оризот за што имаат поддршка и oд од европски фондации.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)