КОНКУРС ЗА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА (ПЕСНА, РАСКАЗ, ЕСЕЈ, ДРАМСКИ ТЕКСТ, ВИДУВАЊЕ…)

23 Сеп 2021
442 пати
Почитувани,
по повод 82 години од издавањето на стихозбирката „ Бели мугри“ од Кочо Рацин, Националната установа Центар за култура – „ Бели мугри “ – Кочани, објавува:
 
КОНКУРС
За литературна творба ( песна, расказ, есеј, драмски текст, видување…) на тема:
„ Како ги доживуваме Рациновите БЕЛИ МУГРИ “.
Конкурсот има ревијален карактер.
Творбите не треба да бидат претходно објавувани.
Право на учество имаат сите граѓани постари од 16 години. Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, со големина на фонт 12, со македонска подршка.
Краен рок на поднесување на творбите е 31. 10. 2021 година. Творбите со кратка биографија се испраќаат на електронска пошта на адресите:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
Пристигнатите литературни творби на конкурсот ќе бидат собрани во алманах, а неговата промоција е предвидана да се случи на 25-ти ноември 2021 година во просториите на НУ ЦК „Бели мугри“, на денот на патрониот празник на Установата.
Дополнителни информации во врска со Конкурсот можат да се добијат на телефонскиот број: 033/ 272-181 или во ЦК „ Бели мугри “ на адреса „ Кеј на Револуцијата“ бб во Кочани.
 
Бидете и Вие дел од чествувањето на патрониот празник на Националтата Установа од културата.
 
 
ЦК Бели мугри Кочани
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)