Герасимов ја промовираше книгата „Зборува Радио Кочани“

17 Мар 2022
986 пати

Синоќа во Кочани во Библиотеката Искра беше промовирана книгата Зборува Радио Кочан од

новинарот, публцуст и хроничар Киро Герасимов.
„Зборува Радио Кочани“ е хронолошки приказ за првиот медиум во градот и третата радио станица во Македонија, по Радио Скопје и Радио Битола. Ова вредно дело е богато со информации и фотографии од настанокот на радиото и сеќавања на многумина кои со години биле дел од Радио Кочани. Герасимов преку лични сеќавања се навраќа на неговите почетоци во новинарството, најпрвин како новинар во Радио Кочани, а потоа и како телевизиски новинар.

k2.jpg

– Во книгата е содржан педесетгодишниот растеж на Радио Кочани, почнувајки од донесувањето на првиот радио-предавател, па до формирањето на Радио Кочани и емитувањето на првиот сигнал на радиото на 29 ноември, 1955 година. Радио Кочани е третта радио станица во Македонија, веднаш по Радио Скопје и Радио Битола. Овде сакам да истакнам уште еден куриозитет за радиото, во деведесетите години на минатиот век, Радио Кочани стана првото радио кое направи сопствена телевизија.

k3.jpg

Токму тие параметри ме натераа материјалот кој го собирам четириесетина години да го преточам во книга која ќе им служи на идните генерации. Книгата е наменета за сите слушатели на Радио Кочани, истакна авторот Герасимов.

k5.jpg
Промотори на книгата беа м-р Љубинка Ајтовска и м-р Љупка Стојменова кои дадоа краток осврт на публикуваното дело на авторот Герасимов.ж

k4.jpg

Книгата “Зборува Радио Кочани…” е во издаваштво на печатницата „Европа 92“, со финансиска поддршка на Општина Кочани.

Видео материјалот од промоцијата на книгата за Радио Кочани можете да го погледнете на следниот линк:

https://fb.watch/bOOnLRxirA/

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)