Во ТЦ во Кочани - Клубот на млади на Црвениот крст ги промовираше хуманите вредности

17 Мар 2022
1298 пати

Волонтерите од Клубот на младите на Црвениот крст на Кочани денеска во Трговскиот центар организираа отворен ден и на

тој начин го одбележаа 17 март, Денот на формирањето на Црвениот крст во Република Македонија и Ден на крводарителството.
„Имаме повеќе активности, помеѓу другото, го покажуваме она што го знаеме за првата помош, ги пренесуваме нашите знаења на случајните минувачи, ги преставуваме ПХВ вредностите (промоција на хуманите вредности). Тоа е програма која ја организираме за да овозможиме помош за социјално загрозените семејства и на сите останати на кои им е потребна таква помош.

ck1.jpg

На штандот што го поставивме споделуваме информации за тоа што работи Црвениот крст, контактираме со граѓаните, поставуваме прашања и доделуваме награди“, изјави за Радио Кочани, Христина Христова, претставник на Клубот на младите на Црвениот крст на Кочани, реферирајќи за нивните активностите на празничниот ден.

ck3.jpg

Организацијата на Црвениот крст на Македонија хуманите вредности ги негува веќе 77 години. Формирана е на 17 март 1945 година и е една од најголемите хуманитарни организации во државата.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)