Новинарите од регионот ги доделија наградите за најдоброто од Истокот на Македонија – Признанието за животно дело во рацете на Бојаџиски

17 Апр 2022
463 пати

Регионалниот актив на новинари Исток на денешниот состанок во Штип ги додели традиционалните признанија за најдоброто во Источниот

регион за 2021 година. Сите признанија беа доделени едногласно, односно со акламација.

ЖИВОТНО ДЕЛО: Највисокото признание наградата за животно дело му е доделено на новинарот ИВАН БОЈАЏИСКИ за 60 години новинарска кариера која сеуште трае и за објавени над 25.000 новинарски текстови од регионот.

b1.jpg

ЗДРАВСТВО: Во областа на здравството признанието му е доделено на др. ДИМИТАР КОЖУХАРОВ, специјалист по урологија, раководител на уролошкото одделение при Клиничка болница Штип.

НАУКА: Признанието за посебни остварувања во науката новинарите решија да му го доделат на проф. д-р ДЕЈАН МИРАКОВСКИ, доктор на технички науки, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ за неговата посветена работа со студентите, за вспоставените односи на релација образование-стопанство и за лабораторијата Амбикон за мерење на квалитетот на воздухот во државата.

СТОПАНСТВО: МЕБЕЛ ВИ – Виница, за најголема фирма производтел на мебел во државата, за континуиран развој, вработување на 200 лица, и бројните иновации во произвиодството на современ мебел кој се извезува во 11 држави.

b3.jpg

МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА: ДАФИНКА ДИНА МУЦУНСКА, генерален менаџер на хотел ресторанот Манастир во Берово стана носител на признанието за менаџер на 2021 година, дама која со репрезентативниот туристичко-угостителски објект квалитетно раководи од 2004 година.

КУЛТУРА: М-р ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ, е најдоброто во регионот во културата за 2021 година за своите 35 години активно творештво, за над 50 издадени книги и за наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2021 година, поемата Цветко, за неговите драи играни во повеќе држави во Европа….

АРХИТЕКТУРА И УРБАНИЗАМ. СТУДИО АТРИУМ-Штип за за урбанистичките и архитектонски решенија во индустриските зони во Македонија и, посебно, за станбениот комплекс Грин Гарден во Штип кој понуди една поинаква филозофија на домување.

НАСТАВНИК НА ГОДИНАТА: ОЛИВЕРА КРАТЕВСКА, наставничка во ООУ „Ванчо Китанов“-Пехчево од Пехчево за посветената работа со учениците во повеќе сегменти значајни за воспитанието и образованието на децата.

ОБРАЗОВАНИЕ: ОМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – Кочани за 66 години континуиран успех во музичкото образование на учениците и високиот квалитет кој го остварува сите овие години..

СОЛИДАРНОСТ: Противпожарните бригади од Австрија, Словенија и Бугарија добија признанија за солидарност за нивното учество во гаснењето на пожарите во Малешевијата кога дојдоа да и помогнат на Мслешевијата и на Македонија да се справи со огнената стихија која се закануваше да ја проголта шумата во најубавиот предел во регионот.

ХУМАНОСТ: Наградата за хуманост е доделена на МПЦ ОА „СВЕТИ СПАС“-Делчево за нејзината посветена работа во помошта на социјално загрозени семејста, самохрани родители, маргинилизирани групи…

СПОРТ: Признанието му е доделено на ЕМИЛ ПАВЛОВ, каратист, за освоеното светско сребро на Светското првенство во Дубаи, минатата година.

b2.jpg

ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ: ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „МАТИЦА“-Кочани, за пристапот кон пчеларството како важна стопанска гранка и едукацијата на млади за овој бизнис.

МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ. Извиднички одред „ЛАСТОВИЦА“ Кочани за способноста да привлече голем број млади во своите редови и бројните извиднички акции.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на настанот „Ноќ на источните оскари“ кој ќе се одржи во втората половина на месец јуни, на отворено во Аурора на Беровско езеро.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)