На 29 мај во Кочани – Интернационален фестивал на музичка публицистика и концерт на Мизар

27 Мај 2022
4684 пати

ПРЕМИЕРНО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛ КАКОВ ШТО НЕМА НА БАЛКАНОТ - ФЕСТИВАЛ ПОСВЕТЕН НА МУЗИЧКАТА ПУБЛИЦИСТИКА

ВО МАКЕДОНИЈА, РЕГИОНОТ И ПОШИРОКО.
СКРОМЕН ОБИД НА ЕДНО МЕСТО, ЕДНАШ ГОДИШНО, ДА СЕ СОБИРА РЕЦЕНТНАТА ДОМАШНА ПРОДУКЦИЈА НА МУЗИЧКИ КНИГИ (ИЛИ КОИ БАРЕМ ВО ОСНОВА ЈА ИМААТ УРБАНАТА МУЗИКА) И ИСТИТЕ ДА БИДАТ ПРОМОВИРАНИ ОД САМИТЕ АВТОРИ. СЕКАКО, ДРУЖЕЊЕТО, РАЗМЕНАТА НА ИСКУСТВА И ИДЕИ Е СЕКОГАШ ВО ПРЕДЕН ПЛАН....И НОРМАЛНО МУЗИКАТА.....БЕНДОВИТЕ.
ИДЕИ ИМА МНОГУ, КАКО ВО ИДНИНА БИ САКАЛЕ ДА СЕ РАЗВИВА ОВОЈ ФЕСТИВАЛ, НО НАЈВАЖНО Е ДА ЗАПОЧНЕМЕ. ПРОГРАМА

Интернационален Фестивал на Музичка Публицистика – Кочани 2022
Организатор: Македонски Музички Архив
Поддршка: Драмски Аматерски Фестивал и Општина Кочани

29.05.2022 - 12:00 - 12:30 - Отварање на заедничка изложба: Татјана Ранташа, Зденко Петровски, Тошо Филиповски и Борислав Пешиќ (Градски парк) / Презентер: Тошо Филиповски Модератор на претпладневна сесија (Градски парк): Ненад Георгиевски
– 12:30 - 13:00 - презентација на книги - преводи, (Pink Floyd, Queen, Joy Division…) Модератор на пладневна сесија, книги - интервјуа, (Градски парк): Звездан Георгиевски
- 13:00 - 13:30 - промоција на Љупчо Јолевски / Радио –
13:30 - 14:00 - промоција на Ненад Георгиевски / Уште музика, Уште муабети
- 14:00 - 14:30 - промоција на Александар Трајковски / Музиката во македонскиот игран филм: Од Фросина до Лазар Бонус промоција:
14:30 - 15:00 - промоција на Влатко Деков / Конопот во Македонија (Градски парк) Модератор на попладневна сесија, Книги на фотографии, (Градски парк): Петар Јањатовиќ
- 15:00 - 15:30 - промоција на Татјана Ранташа / Џезтетика
-15:30 - 16:00 - промоција на Борислав Пешиќ / Long Play - 16:00 - 16:30 - промоција на Зденко Петровски / Момент документ Бонус промоција: 16:30 - 17:00 - Презентација на платформата „ВБУ Музички регистер"
- Васил Буралиев (Градски парк) Пауза 17:00 - 19:00 Модератор на попладневна сесија, Енциклопедии, Монографии, (Градски парк): Љупчо Јолевски
- 19:00 - 19:30 - промоција на Елени Новаковска / Историја на Македонската популарна музика
- 19:30 - 20:00 - промоција на Петар Јањатовиќ / exYu Rock изданија
-20:00 - 20:30 - промоција на Тошо Филиповски / Мизар-Откровенија 1981-2021 21:00 - 22:30 - концерт: Мизар

 Материјалот е изготвен од организаторот - Македонски Музички Архив

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)