ХИПОКС има потреба од седум лица од Кочанско и Виничко за работа на терен, со или без работно искуство.

Населбата Прокарка интензивно се гради. Механизацијата работи на изградба на улиците „Стефка Тасева“, „Скоевска“ и на довршување и спој на улиците „Скопска“ и „Петар Синадинов“. Според највисоки стандарди се поставува атмосферска и фекална канализација.
Градиме по план, создаваме услови влезот на Кочани да добие нов, современ, урбан лик.

Напиша на својот фејсбук статус градоначалникот Николчо Илиев.

104193470_692299447985329_4690307951999013897_o.jpg

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во пост на Фејсбук истакна уште една од бројните инвестиции во патната инфраструктура на која се работи со засилено темпо.

 104397143_866010943892519_5958944064587919074_n.png
Во краток пост на својот Фејсбук профил, Сугарески сподели неколку фотографии од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, како уште една капитална инвестиција за поголема патна поврзаност на источниот дел од државата.

Како најголема компанија во Источниот регион, „Амфенол Технолоџи Македонија“ секогаш се наоѓа во фокусот на вниманието, особено во овој период на криза од Ковид – 19. Изминативе два – три месеца можеше да се слушнат секакви шпекулации, дезинформации и лажни вести, затоа вистинските повторно ги побаравме внатре во фирмата, поточно од генералниот менаџер, Сашко Наков.

На влезот по малку изненадувачки бидејќи не сме навикнати, нѐ пречекаа термалните камери, каде уредно ни беше измерена телесната температура, процес што секој работен ден се спроведува за секој вработен.

„- Ја користам приликата во овие услови да искомуницирам со јавноста, пред сѐ и со нашите вработени и да ја соопштам состојбата во која се наоѓаме и какви се плановите за во иднина. Можам да констатирам дека сите мерки за претпазливост и заштита, индивидуално и кај сите вработени се превземени во што и самите се уверивте. Инвестиравме во термални камери и други пософистицирани системи, па за среќа немаме проблеми со здравјето на вработените, што е најважно во овој период. Состојбата со обемот на работа и порачките, како и понатамошните планови и инвестиции детално ги планираме. Сигурно е дека во една ваква ситуација никој не може да остане имун. Ова најмногу е изразено во автомобилскиот оддел, додека во телекомуникациското производство е обратно. Всушност, имаме зголемување дури некаде и за двојно повеќе. Од една таква позиција можеме успешно да се соочиме со сите тековни проблеми, имено со префрлување и реобука на вработените успеваме на сите да им обезбедиме предмет на работа, а со тоа и задржување на работните места. Дел од вработените се на принуден одмор до крајот на јуни, но и нив веќе ги повикуваме и постепено ги враќаме на работа. Вредно е да се напомене дека засега немаме план за било какви отпуштања или други непопуларни мерки. Останува само онаа нормална селекција, според која на поедини вработени кои не ги заслужуваат работните места, да не им ги продолжиме договорите. Започнавме со работа во новата деловна единица во новата зграда, а од 6ти јули ќе пуштиме во погон уште една деловна единица, па повеќето различни сектори ќе ни овозможат да ги балансираме евентуалните проблеми. Од сето ова произлегува дека нашите вработени, можат да имаат сигурност за работните места, доколку задоволително и коректно си ги извршуваат своите работни задачи.“

На новинарско прашање директорот Наков изјави дека „Амфенол“ досега нема користено мерки и бенефиции од државата од две причини: бидејќи нема пад во производството поголем од 30 % и затоа што секако ќе работи со добивка и профит на крајот од годината, што е примарна цел и задача на секој инвеститор и на секоја компанија.

Исто така, на наше прашање соопшти, дека само за заштитни средства од Корона вирусот, „Амфенол“ издвојува околу 30 000 евра месечно.

Крајниот заклучок е дека, иако станува збор за висока сума на средства, сепак поважно е здравјето на вработените, отколку запирање на производствениот процес. За разлика од други земји, каде „Амфенол“ има свои фабрики кои извесен период со одлука беа затворени, во нашата земја тоа не беше случај, па со максимална заштита на вработените, кочанската компанија функционираше за цело време. Посакуваме успех и добро здравје и во иднина.

 

 

103952140_1017276632022118_7980909742396860789_n.jpg

104078680_2613100698941837_220882301238166546_n.jpg

 

 

 

 

 

103980666_545754776114582_6283256333953954914_n.jpg

 

104065865_294026851803647_8302094701540034087_n.jpg

 

 

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите

МЕРИСТЕМ ТОБИ (Рудник Пантелеј) Кочани има потреба од двајца работници со работно искуство

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ПАТНИЦИ ДЕКА АВТО АТОМ ДОО КОЧАНИ ОД 26.05.2020 ГОДИНА(ВТОРНИК)

Пицерија ПЈАЦА продолжува со достава на: пици, пастрамајлии, поховани пилешки прсти, пирошки, зденки,

Со дополнителни здравствени и безбедносни мерки рудникот САСА продолжува со работа, а вработените добија тримесечен бонус

 

Македонска Каменица, 24.04.2020 – И покрај сите предизвици предизвикани од Ковид-19 пандемијата, рудникот за олово и цинк САСА продолжи со производство и продажба на метален концентрат, при што ги исполни планираните производни цели за првиот квартал од оваа година.

Како резултат на тоа, раководниот тим на САСА одлучи на сите вработени, покрај редовните плати, да им исплати и премија (бонус) за нивниот придонес во исполнување на планираните производствени параметри. При тоа најголеми премии добија рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами.

Од почетокот на 2020-та платите на вработените во Рудник САСА се зголемени во просек за дополнителни пет проценти. Toa беше четврто по ред зголемување на платите во последните три години откако компанијата Централ Азија Металс, со седиште во Лондон, го презеде рудникот.

„Заштитата на благостојбата на сите наши вработени и добавувачи во овие предизвикувачки времиња претставува наш највисок приоритет. Кај ниту еден вработен во Рудник САСА не е дијагностициран Ковид-19. Преземавме значајни чекори со кои сакаме да обезбедиме континуирано добро здравје на членовите на нашиот тим“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Конкретно, како превенција од ширењето на Ковид-19 Рудник САСА обезбеди лична заштитна опрема за вработените и членовите на локалната заедница; воведе засилени хигиенски практики согласно упатствата од здравствените институции и препораките на Владата; направи детална ревизија на сите работни операции, вклучително и во рудничката кантина и при транспортот на вработените за да се обезбеди неопходната социјална дистанца; го ограничи пристапот на надворешни посетители во рудникот; воведе работа од дома за дел од вработените за кои тоа е возможно, како и систем за идентификација и засилен мониторинг на здравствената состојба на членовите на тимот кои припаѓаат во најранливата категорија од Ковид-19.

„Преземените мерки во овие тешки околности нѝ овозможија да продолжиме со нашите работни активности, да ја одржиме финансиската стабилност на нашите вработени и бизнисот, да ѝ помагаме на заедницата и да продолжиме со извршување на обврските кон државата и нашите деловни партнери и соработници. Сѐ додека е безбедно, ние планираме да продолжиме да работиме“, потенцираше генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној, искажувајќи голема благодарност до сите вработени и добавувачи за нивната напорна работа и поддршката во овие предизвикувачки околности.

Покрај напорите за одржување на здравјето и безбедноста во рудникот и помошта на локалната заедница, менаџерскиот тим на Рудник САСА е во редовна комуникација со надлежните институции на локално и државно ниво, со цел да обезбеди финансиска помош каде што е соодветно, за да ѝ помогне на земјата во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Страница 1 од 18

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.