АМФЕНОЛ ИМА ПОТРЕБА ОД ...

07 Дек 2019
493 пати

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место

 

Сметководител

 

Одговорности и задачи:

  1. Средување на сметководствени документи
  2. Книжење на документација
  • Соодетно книжење на целокупната документација по профитни центри влезни,излезни фактури,трошочни фактури,фактури за основни средства каса,девизни изводи.....) и нејзино соодветно комплетирање и сместување во класери.
  • Резервации за трошоците кои можеме да ги предвидеме а сеуште немаме добиено фактура за нив (потребно за месечните извештаи струја,вода,телефон,транспорт,матрејали на пат......)
  • Архивско водење на целокупната книговодствена документација согласно законските прописи и интерните процедури.
  • Следење и примена на законските промени во делот на книговодственото работење.
  • Други работни обврски составен дел од редовното книговодствено работење.

 

Потребни квалификации:

  1. Образование : Високо образование (општествени науки-Економски факултет)
  2. Работно искуство : Задолжително работно искуство (предност-во производствена фирма) и лиценца за сметководител
  3. Знаења и вештини : солидно познавање на работа со компјутери MS Office, познавање на законска регулатива во врска со сметководствено и финансиско работење

                                       Задолжително познавање на англиски јазик

  1. Способности: аналитички способности, комуникациски способности, способност за тимска работа, способност за работа под притисок и со кратки рокови; мултитаскинг

 

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 17.12.2019 година по електронски пат на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.

 

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.